недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 100
home Култура

Во прилепскиот театар се подготвува претставата „Светулки“

Во прилепскиот театар се подготвува претставата „Светулки“

Во прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ се подготвува претставата „Светулки“, според текст на хрватската авторка Тена Штивичиќ, во режија на Драгана Милошевски – Попова. Ова е прва соработка на режисерката со прилепскиот ансамбл.

Во претставата игра поголемиот дел од Ансамблот на театарот и актерите се среќни што се враќаат на сцената.

Во претставата „Светулки“ станува збор за актуелни прашања поврзани со индивидуалната потрага на животниот пат. Ликовите се заглавени на еден аеродром поради неочекувано невреме и во таа транзит-зона. Тие ги преиспитувата своите животи, желбите, минатото. Режисерскиот пристап на Драгана Милошевски – Попова ќе и даде суптилност и леснотија на сценската игра.

Премиерата е за крајот на јуни. Драматурзи се Ивана Нелковска и Лидија Митоска Ѓоргиовска, сценограф е Валентин Светозарев, а костимите се на Розе Трајчевска. Музиката ја изработува композиторката Ирена Топовиќ Драговиќ од Србија.

Ова е првиот од трите проекти што театарот треба да ги работи годинава, а се со поддршка на Министерството за култура. Ќе се работат и претставите: „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски и „Претстава со грешки“ во режија на Синиша Евтимов.

Ова полека го враќа театарскиот ансамбл на цената по големите паузи поради пандемијата што за актерите многу значи. Доколку е во ред здравствената состојба во земјава, за почетокот на октомври, од 1 до 10, е закажано лани одложеното јубилејно 55-то издание на Македонскиот театарски фестгивал „Војдан Чернодрински“.

Имено, минатата сабота премиерно беше одиграна дуо-драмата „Мендо и Мајло“ во режија на Игор Трпче, независен проект на „Театарска работилница“.

ЕУРО 2020

Македонија