четврток, 6. август 2020. Вести денес: 53
home Култура

Во Прилеп ќе се отвори првата ликовна изложба од почетокот на пандемијата

Во Прилеп ќе се отвори првата ликовна изложба од почетокот на пандемијата

Утревечер од 19:30 часот во ликовната галерија од прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена ликовната изложба на слики насловена како „Визии од детството“ од уметникот Горан Боев. Ова е прва ликовна изложба и прв културен настан од почетокот на пандемијата.

Изложбата ќе биде отворена со запазување на сите препораки и заштини мерки од корона вирусот.

Боев ќе се претстави со над 25 слики на кои се појавуваат различни фигури – мачка, куче, прозорец, цвеќе, дете. Според авторот, тоа е портрет на едно минато време, на неговото детство.

Боев е уметник од Кавадарци. Завршил ДЛУ и магистерски студии во Скопје. Извеснов време работи како наставник по ликовно образование во основното и во средното образование. Се занимава и со црковен живопис и со иконографија. Досега има десеттина изложби во земјава и има учествувано на многу групни изложби во земјаваа и во странство. (МИА)

Коронавирус