петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Култура

Во Битола завршува Фестивалот „Илинденски денови“

Во Битола завршува Фестивалот „Илинденски денови“

Со настап на атрактивната фолклорна група од шпанскиот град Лорка, како и со избрана автентична програма на уметници од Севрен Кипар, Полска, Јапонија и од Грција, вечер во Битола завршува 48. издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Последната фестивалска вечер е насловена како фолклорна разгледница, а гостите од странство својот програмски настап ќе го посветат на наградените учесници, истакна Валентин Соклевски, во пресрет на вечерашното свечено затворање на фестивалот.

– Според востановената традиција, секое издание на фестивалот го завршуваме во античкиот театар на Хераклеа. Така ќе биде и вечер, кога гостите од странство ќе приредат интернационална фолклорна разгледница, а веднаш потоа целовечерен концерт кој е насловен како „Мојата Бабам Битола“, ќе приреди Виолета Томовска во придружба на групата „Фонтана и пријателите“, потврди Соклевски.

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија, а од оваа година е член на светската организација на фолклорни фестивали-ЦИОФФ.

Коронавирус