сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 15
home Култура

Викендов во МКЦ прва детска магионичарско- театарска претстава, билетите речиси распродадени

Викендов во МКЦ прва детска магионичарско- театарска претстава, билетите речиси распродадени

Првата македонска детска магионичарско – театарска претстава „Како Хокус го пронајде Покус“ ќе се одржи во Скопје овој викенд, на 14 и 15 декември.

Организаторите на претставата најавуваат спектал и гарантираат многу забава, илузија, интеракција и едукација.

Главните актери се Гого Реквием (Георги Гавровски) и Мартин Јорданоски, а идејата за претставата и сценариото се на Гого Реквием.

Шесте термини за претставата се речиси распродадени, па доколку сакате да бидете дел од магионичарско – театарското шоу побрзајте и набавете го вашиот билет.