петок, 18. септември 2020. Вести денес: 145
home Култура

Викендов прво летно „Драјв ин“ кино во Охрид

Викендов прво летно „Драјв ин“ кино во Охрид

Во Охрид овој викенд првпат ќе се одржува летно авто кино, со проекција на познати филмови што вљубениците во седмата уметност ќе можат да ги следат од своите автомобили.

Тридневната проекција што ќе се одржува од 14 до 16 август ќе се изведува на паркиралиштето кај плажата Горица 3, со почеток од 21 часот.

За да бидат избегнати гужви паркингот ќе биде отворен од 19:30 часот со „Pre-movie Warm Up“ програма со настапи на ди-џеи и други изненадувања.

Билетите што се во ограничен број чинат 400 денари од автомобил со двајца (согласно пропишаните протоколи и мерки за заштита од Ковид-19).

На програмата се блокбастерите „Малиот гангстер“ на 14 август, „Панкот не е мртов“ на 15 август и „Куќата што ја изгради Џек“ на 16 август.

Организаторите на „Драјв ин“ киното ги предупредуваат посетителите на задолжителните мерки за заштита од коронавирусот, носење заштита опрема, следење на препораките на редарите и без потреба да не излегуваат од возилата.

Коронавирус