понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 187
home Култура

Вечерва „Грдиот“, „Чудесна терапија“ во понеделник – изменет распоредот на „Гола месечина“

Вечерва „Грдиот“, „Чудесна терапија“ во понеделник – изменет распоредот на „Гола месечина“

Премиерата „Грдиот“ на НУ „Театар Комедија“ што вчеравечер требаше да се одржи во рамките на традиционалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ е презакажана за вечерва во 21:00 часот во Спортскиот центар „Ново Лисиче“.

Претставата е презакажана поради технички пречки во електричната инсталација. Билетите што граѓаните ги добија вчера ќе важат и за вечерва.

Рокада за понеделник е направена и за претставата „Чудесна терапија“ на НУ „Драмски театар“, која според првичниот репертоар требаше да се одржи вечерва.

Во продолжение е изменетиот распоред:

ЧЕТВРТОК (16.9.2021) „Грдиот“ на НУ „Театар Комедија“

ПЕТОК (17.9.2021) „Што е силеџија“ на НУ „Театар за деца и младинци“

САБОТА (18.9.2021) „Мој термин“ на НУ „Македонски народен театар“

НЕДЕЛА (19.9.2021) „Вообразен болен“ на НУЦК „Трајко Прокопиев“ (Куманово)

ПОНЕДЕЛНИК (20.9.2021) „Чудесна терапија“ на НУ „Драмски театар“

 

Локални избори 2021