среда, 17. јули 2019. Вести денес: 0
home Култура

Валентина Илијевска со перформансот „За тебе“ во Босна

Валентина Илијевска со перформансот „За тебе“ во Босна

Македонската уметница Валентина Илијевска ќе се претстави на 35-от фестивал „Сарајевска зима“, во Сараево во БиХ. Перформасот ќе се одржи во просториите на “Дом оружаних снага“ во Сарајево на (денес, четврток) 14-ти март 2019 година.

-Перформансот е едно поистоветување на авторот како човек и како уметник. Разговор со битието, соочување со круцијалната и есенцијалната карика, која човекот ја поседува. Во физички облик тоа е срцето, главниот инструмет и двигател во човечкото тело. Во перформансот се обработува тематиката за дуалистичката природа на овој орган, односно за неговата духовна природа. Често ние луѓето доаѓаме во конфликтна ситација со која ретко се соочуваме, се до оној момент, што би се рекло, дур човек не осети на своја сопствена кожа не може ниту да претпостави што би можело да се случи, вели Илијевска во врска со својот перформанс.

Од голем и важен карактер е перформансот, каде што е засегнат односот и размислувањето на околината кон ставот на уметникот. Уметникот често и истовремено е критикуван и вреднуван од истоимената околина. Уметникот има свои идеи, креации и верувања, каде што искрено настапува на сцена со нивна реализација, творејќи со една гласна порака за човештвото и универзумот. Истите тие и не треба да се заборават.

-Интервенции се вршени на овој орган за целите на перформансот, поистоветени со нанесените и претрпените удари од околината. Од едната стран има видливи траги од зашиени црни и бели конци, кои ме потсетија на зборите на мојот стоматолог М.Џ.Величковска. “Ако раната е голема и длабока и не може да се излечи, тогаш сошиј ја за да може да се затвори и да се исцели“. Ќе се послужам и со зборовите на канадскиот поет Шејн Л.Којзан “Ако срцето ти е скршено, тогаш направи уметност од неговите делови, потенцира авторката.

Овој перформанс е поддржан од страна на фотографот Милош Нешковски, член на познатиот Фото Кино Клуб “Козјак“ од Куманово, каде што во склоп со самата изведба ќе бидат поставени изготвените неговите фотографии. Нешковски како стручен соработник од овој перформанс, ќе биде и дел од реализацијата, но и како подржувач од публиката во Сарајево.