среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 23
home Култура

Уште една креација на ексцентричниот Сашо Тасевски – „Жена вредна злато“ од следниот месец достапна за публиката

Уште една креација на ексцентричниот Сашо Тасевски – „Жена вредна злато“ од следниот месец достапна за публиката

Новата книга на автентичниот и несекојдневен мислител и уметник – Сашо Тасевски следниот месец ќе биде испромовирана пред македонската публика.

Книгата е насловена како „Жена вредна злато“ а главниот женски лик во приказната носи силни пораки за улогата и посебноста на женскиот ентитет во битието. Новата книга на Сашо Таевски е издадена од издавачката куќа „Икона“ а на 12 ноември ќе биде испромовирана пред македонската публика на Драмски Театар во Скопје со почеток во 19 часот.

Спектакулатната промоција на книгата ќе ја модерира Магдалена Стојмановиќ, а промотори ќе бидат проф. д-р Наде Молеровиќ, проф. д-р Тања Алексиќ и проф. д-р Филип Петровски.

Промоцијата ќе биде редок настан на кој ќе бидат споени стручната книжевна критика, критика од позиција на уживатели во естетичкото остватување, но и коментарите и оценките на читателската публика.