понеделник, 26. август 2019. Вести денес: 0
home Култура

Уметницата Валентина Илијевска учествуваше на ликовна колонија во Египет

Уметницата Валентина Илијевска учествуваше на ликовна колонија во Египет

Кумановската уметница Валентина Илијевска учествуваше на петтата Интернационална ликовна колонија „Бурулус“  во Египет, која се одржа од  1 до 16 октомври  во организација на Фондацијата на доктор Абдула Вахаб.

На колонијата учествувале 40 уметници од  Египет, Индија, Бангладеш, Грузија, Кина, Оман, Тунис, Италија, Татарстан, Јордан, Ирак, Саудиска Арабија и Судан.

Веќе пет години по ред, вели Илијевска, успешно се отсликуваат ѕидовите на станбените згради, куќи и бродовите во месноста Бурулус во Египет, со што се овозможува  јавна  промоција на уметници и колонијата.

-Чест и задоволство ми беше, пред се, што бев дел од оваа екипа и што имав можност да ја претставам нашата историја, култура и уметност, да разменам искуства со колегите од различните држави, изјави Илијевска.

Колонијата, додаде уметницата, овозможува  запознавање на културата и уметноста на различните држави преку отсликаните живописни мурали на уметниците, кои јавно се презентирани за пошироката публика.

-Ја претставив историјата на Македонија, нејзиното писмо, фолклорот, изјави Илијевска.

Кумановската уметница досега учествувала на бројни колонии и групни изложби во државава и странство. Таа е магистер по конзервација и реставрација на ѕидно сликарство.

МИА