петок, 21. септември 2018. Вести денес: 144
home Култура

„Триптих за Македонија“ – нова поетска книга на Раде Силјан

„Триптих за Македонија“ – нова поетска книга на Раде Силјан

„Матица македонска“ ја објави поетската книга „Триптих за Македонија“ од Раде Силјан, која е составена од три тематски целини создадени во последните три години: Отворена книга, Молитва за Македонија и Устата на јавето.

Проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска во поговорот кон делото ги нагласува спецификите на поезијата на Силјан, констатирајќи дека „Триптихот за Македонија“ ја покажува „целата архитекрура на зборот, но и на формата“.

– Секој збор е преобмислен, извлечен од дуплото дно на ковчежето на поетската душа, пишува Мојсова-Чепишевска.

Книгата е илустрирана со цртежи од ликовниот уметник Павле Кузмановски.

МИА