сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Култура

Традиционална поетска манифестација „Скопје чита“

Традиционална поетска манифестација „Скопје чита“

Традиционалната поетска манифестација „Скопје чита“ ќе се одржи денеска во Изложбениот салон –Империјал II.

На манифестацијата, што ќе се одржи шести пат во два дена, учество ќе земат афирмирани и млади писатели на кои им се дава можност да ја претстават својата уметност со новосоздадени книги, со што им се овозможува афирмирање и истовремено вршејќи едукативна функција.

Ќе се одржат и музички настапи на реномирани музичари како и претставување на активното здружение Book Club-Shkupi.

Ќе се чита на македонски, албански и други јазици. Проектот „Скопје чита” го подготви поетесата Линдита Ахмети.

Коронавирус