вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 51
home Култура

Тихомир Јанчовски прв прави промоција на аудио книга во Македонија

Тихомир Јанчовски прв прави промоција на аудио книга во Македонија

За прв пат македонската публика ќе има можност едно дело да го слуша во аудио формат.

Во среда со почеток во 20:30 во Планетариум (МКЦ) ќе се одржи промоцијата на аудио верзија од поетскиот роман„Лидија или се што знам за жените“ од реномираниот македонски автор Тихомир Јанчовски.

Овој поетски роман е издаден одамна, но за прв пат пред македонските читатели ќе биде испромовиран во аудио форма. Според модераторката на настанот, Магдалена Стојмановиќ овој настан е од исклучително значење бидејќи е пионерски проект за помирување и интеграција на технологијата и уметноста.

-Со тој обид покажуваме дека технологијата не е загрозување на уметноста, туку напротив може да ја негува и унапредува. Аудио книгите се погодни за луѓе што многу патуваат или немаат доволно време да посветат само на читање на книгата, вели Стојмановиќ.

Освен обраќање на модераторот, македонската публика ќе проследи и инсерти од аудио книгата збогатени со визуелни ефекти во „Планетариум“.

Јанчовски важи за еден од најпознатите современи македонски автори кој издава поетски романи, збирки поезија и се занимава со преведувачка дејност.