среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 162
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Култура

Театарски фестивал „5ре“ во Велес

Театарски фестивал „5ре“ во Велес

На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов –Џинот“ во Велес вечер во 20 часот почнува програмата на новиот театарски фестивал „5ре“ во чест на доајенот на македонското глумиште велешанецот Петре Прличко.

На отворањето ќе биде врачена годинашната награда за животно дело во актерската дејност „Петре Прличко“ на годинашниот добитник актерот и шоумен Игор Џамбазов, внук на Петре Прличко. Во негова чест велешкиот театар ќе ја одигра комедијата „Слуга на двајца господари’.

Фестивалот, кој ќе трае до 28 мај, продолжува утревечер во 20 часот со претставата „Странци“ во изведба на Драмскиот театар од Скопје, на 21 мај во сабота ќе гостува прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ со комедијата „Да Инспекторе“.

На 25 мај е претставата „Вардарски пастуви“ на Тетарот Комедија од Скопје, а на 26 мај „Пасивно пушење“ со гостување на штипскиот театар. Сите претстави ќе бидат на сцената на велешкиот Народен театар освен последната на 28 мај кога е и затворањето на фестивалот на отворено на сцената во Младинскиот парк STAND UP со Тино и Атанас.

Во рамки на фестивалот ќе има и две детски претстави кои се бесплатни за децата првата е на 26 мај во 13 часот „Чунголунговски, Пепелашка и Принцот Тортичка“ и втората на 28 мај во 12 часот кога ќе гостува Театарот за деца у младинци со претставата „Супербајкастично“.

Билетите за сите претстави за фестивалот може да се набават на билетарата од велешкиот театар. Основач и покровител на фестивалот е Општина Велес и повеќе спонзори, а организатор е Здружението со делегирана надлежност „Плус публика“ Велес.

Коронавирус