понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 58
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Култура

Театар Комедија со вонредна сцена

Театар Комедија со вонредна сцена

НУ Театар Комедија секојдневно работи на што побрзо отворање на вратите за публиката. Постојано сме во тек со препораките на Комисијата за заразни болести, Владата и на Министерството за здравство, па така и ние постапуваме и ќе постапуваме во согласност со тековните препораки, соопшти управата на театарот.

Во меѓувреме, Театар Комедија започна со директни вклучувања на своите содржини.

– Месецов решивме да направиме една мала ,,вонредна сцена“, на којашто актерите ќе настапуваат секој петок. Првиот настап го имаше актерката Жаклина Стевковска, а веќе во петок ќе настапи и актерот Жарко Димоски. Се одлучивме за музички настапи со цел да го разубавиме и да го разведриме секојдневието на публиката, велат од Театар Комедија. Најавуваат дека веќе работат и на нов план за летниот период.

Коронавирус