недела, 18. август 2019. Вести денес: 58
home Култура

Тажна вест: Почина македонскиот поет Методија Фотев

Тажна вест: Почина македонскиот поет Методија Фотев

Утрово, понеделник 11.02.2019 година, по кусо боледување, почина македонскиот романсиер и поет Методија Фотев. Роден е на  14-ти  март 1932 година во љубојно, преспанско.

Беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1957 година.

Неговото книжевно творештво го сочинуваат повеќе романи: „Потомците на Кат“ (1966), Селани и војници“ (1969), „Големите скитачи“ (1970), „Неплодна вода“ (1978), „Вивариум“ (2010), како и поетската збирка „Поезија не за одмор“ (2002). Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Рациново признание“.

Погребот ќе се одржи утре, во присуство на најтесниот семеен круг.