четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 136
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Култура

„Тапанот се слуша надалеку“ – концерт на Сара Симоновска

„Тапанот се слуша надалеку“ – концерт на Сара Симоновска

Во Сули ан (Факултетот за ликовни уметности) вечер од 21 часот во рамки на „Скопско лето“ концерт на удирачки инструменти ќе одржи Сара Симоновска.  На концертот, насловен „Тапанот се слуша надалеку“, таа ќе изведе дела од Бах, Добри Палиев, Ерик Самут и Вон Маиси.

Сара Симоновска (Куманово, 1994), по стапките на својот татко, почнала да свири тапани на четири години. Средно музичко образование почнала во „Илија Николовски-Луј“, но матурирала на Interlochen Arts Academy во Мичиген, САД, по добиена целосна стипендија. Во 2014 се запишала на студии на Универзитетот во Флорида.

Учела ударни инструменти од многу професионалци, има учествувано на голем број натпревари низ светот и добила награди во Мичиген, Флорида, во Бугарија и на натпревар во Скопје. Постдипломските студии по ударни инструменти Симоновска ќе ги продолжи во Охајо, САД. 

Коронавирус