понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 55
home Култура

Танцов перформанс „Јовано, Јованке“ во МКЦ

Танцов перформанс „Јовано, Јованке“ во МКЦ

Во Младинскиот културен центар (сала 25 Мај) вечер од 21 часот ќе биде изведен танцовиот перформанс „Јовано, Јованке“ – авторски проект на Јована Зајкова развиен во рамки на платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско – испробување феминистички иднини“.

„Ова е претстава за Јована – креативен, нефиктивен лик и мешавина од нејзините размисли и идеи. Наместо да ги пласира на социјалните мрежи користејќи ги најновите и најмодерни филтри и ефекти, Јована реши да ги претстави на сцената, соопшти МКЦ.

Трансформацијата на изведувачката програма на Фестивалот во платформа за изведувачки уметности, наведува МКЦ, произлезе од определбата за развивање феминистички изведувачки форми низ практикување солидарност, поддршка, заедничко учење и соработка, но и пропрашување на динамиките и отфрлање на хиерархиите втемелени во конвенционалниот театар.

Влезот за посетители е слободен, со претходно подигнување билети преку www.bileti.mkc.mk или на билетарницата на МКЦ.

Коронавирус