понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 28
home Култура

Среќен роденден Венко Андоновски

Среќен роденден Венко Андоновски

Maкедонскиот писател (романописец, раскажувач, драмски автор, поет), есеист, критичар и книжевен теоретичар, Венко Андоновски е роден на денешен ден во 1964 година во Куманово.

Дипломирал на Филолошкиот факултет “Блаже Конески”, во Скопје.

Доктор по филолошки науки. Работи како професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Андоновски е член на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија.

Негови најпознати дела се:„ Нежното срце на варварот“, „Квартот на лиричарите“, „Фрески и гротески“, „Азбука за непослушните“, „Папокот на светот“, „Вештица“, „Ќерката на математичарот“, „Адска машина“, „Бунт во домот за старци“, „Црни куклички“, „Текстовни процеси“, „Структура на македонскиот реалистичен роман“,„Ќерката на математичарот“ и други. За своето книжевно творештво, Андоновски е добитник на бројни награди, меѓу кои: „Рациново признание“, наградата на “Утрински весник” за роман на годината, наградата „Балканика“, „Стале Попов“.

ЕУРО 2020

Македонија