петок, 21. септември 2018. Вести денес: 68
home Култура

„Смоквијада 2018“ во Гевгелија

„Смоквијада 2018“ во Гевгелија

Во Гевгелија денеска по 12. пат се одржува традиционалната манифестација „Смоквијада 2018“.

Настанот се одржува на просторот на стариот пазар, во центарот на Гевгелија, а на завршната приредба присутните ќе ги забавуваат групата „Љубојна“ и ансамблот „Бојмија“.

Фестивалот на смоквата оваа година ќе има нов концепт во натпреварувачкиот дел, а тоа е можноста за учество на секое домаќинство од Гевгелија и околните населени места.

Секој натпреварувач слаткото го вари во својот дом, а една тегла доставува до организаторот ЗГ „ТЕРА“ на денот на одржување на Смоквијадата. Посебна комисија ќе го оценува квалитетот на слаткото што ќе биде сварено и ќе додели три парични награди: прва награда 15.000 денари, втора награда 10.000 денари, трета награда 5.000 денари.

Настанот е во организација на здружението на граѓани „ТЕРА“, а под покровителство на грaдoнaчaлник нa oпштинa Гевгелијa, Сaшo Пoцкoв.