вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 128
home Култура

„Слики“ – самостојна изложба на Стефан Младеновски во КСП Центар-Јадро

„Слики“ – самостојна изложба на Стефан Младеновски во КСП Центар-Јадро

Самостојната изложба на уметникот Стефан Младеновски, насловена „Слики“ ќе биде поставена во просторот на КСП Центар-Јадро од денеска до 18 мај.

– Стефан Младеновски во временските интервали исполнети со самостални и групни изложби на графики и цртежи со динамичен активизам сублимираше еден иден, сега веќе на оваа изложба прикажан концизен, редуциран и продуктивно селективен контекст како рецидив од досегашните истражувања и остручување во повеќе медиуми од ликовните изразности, вели професорот мр. Мирко Вујисиќ.

Професорот се надоврзува дека Стефан ги создава делата со примарни рефлексии низ ритмирање на секое сетилно бранување.

– Ги дообликува во ликовно-акустичен простор од кој одјеците допираат до секого кој има желба да го прочита, протолкува ликовното дело и пронајде она што го оплеменува. Примарниот афект како начело го води кон имантниот артизам. Корективно ја прочистува, децидира содржината со парамиметичка дискурзивност како колаж на фуриозни, изненадувачки форми. Кон секојдневната потреба да ги пресоздава тие асоцијативни уметнички „сигнали“ внимава да не создаде некој нов „систем“ предвидлив и апстрактно наратривен, вели Професор Мирко Вујисиќ во текстот за каталогот на изложната..

Стефан Младеновски е роден на 28 јуни 1996 во Крива Паланка. Средно образование завршува во ДСУЛУД “Лазар Личеноски” во Скопје – Оддел графика. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2020 година – Оддел графика, класа на проф. м-р Зоран Јакимовски. Член е на ДЛУМ од 2020 година.

Добитник на студентската награда за графика „Драгутин Аврамовски – Гуте” во 2018 година. Тој има остварено неколку самостојни, но и групни изложби.

Изложбата „Слики“ се реализира со финансиска помош на Министерството за култура. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија