вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 0
home Култура

„Скаут“ на Алекс Цветков селектиран за „Л.А. Шортс“ во Лос Анџелес

„Скаут“ на Алекс Цветков селектиран за „Л.А. Шортс“ во Лос Анџелес

Краткиот филм „Скаут“ во режија на Алекс Цветков е избран во натпреварувачката програма на 23. фестивал за краткометражен филм „Л.А. Шортс“ што ќе се одржува од 17 до 25 јули во Лос Анџелес, соопшти Агенцијата за филм.

„Л.А. Шортс“ е официјален квалификациски настан за награда на кратките филмови на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА). Победниците на фестивалот имаат право да освојат „БАФТА“ а најголем дел од филмовите селектирани на овој фествал речиси секоја година се дел од селекцијата во трката за престижниот „Оскар“.

Петнаесетминутниот филм „Извидник“ (Scout) е  модерна драма во која централен лик е преофесионалниот тркач со мотори Гус, кој во еден миг воден од преголеми амбиции ќе го загуби тоа што му најмило.

Филмот е македонско-хрватско-словенечка копродукција. Македонски продуцент е „Ново македонско видео“. Финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Алекс Цветков е млад режисер кој студира режија на Њујоршката филмска акедемија во Лос Анџелес. Цветков досега режирал повеќе реклами, музички видеа и краткометражни филмови и како сценарист и режисер бил дел од неколку значајни филмски фестивали во Америка.

„Скаут“ беше премиерно прикажан на затворањето на минатогодишното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. (МИА)