четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 1
home Култура

Шесто издание на филмскиот фестивал „Киненова“ од 27 до 31 октомври

Шесто издание на филмскиот фестивал „Киненова“ од 27 до 31 октомври

Шестото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ ќе се одржи од 27 до 31 месецов. Оваа година фестивалот се враќа на класичниот формат на одржување во живо, во Кинотека, но сепак ќе продолжи и традицијата од лани, со емитување на дел од фестивалската содржина на ТВ 24.

Отворање на фестивалот, на 27 октомври, ќе се одржи во кино Милениум, и тоа со актуелниот победник на филмскиот фестивал „Карлови вари“, „As far as i can walk“, од српскиот режисер Стефан Арсенијевиќ.

Директорот на „Киненова“, Небојша Јовановиќ на денешната прес-конференција информираше дека годинава официјалната селекција ќе брои осум наслови, меѓу кои два се документарни филмови.

Станува збор за филмовите „Солченце Захаја“ на Стефан Красиќ, „The Last Bath“ од Дејвид Боневил „The other side of the river“, „Amateurs“ од Ивона Сиекиержинскa, „Pari“ од Сиjamak Етемад , Andromeda Galaxy“, „As far as i can walk“ од Стефан Арсенијевиќ и „Beggining“ од Деа Колумбегашвили.

-Прилично сум горд што во услови на сериозна светска криза и многу отежнати услови на функционирање, особено за филмската уметност, „Киненова“ како фестивал ги пребродува овие предизвици прилично успешно, па дури и можам да кажам дека се случи сериозен исчекор и развој на фестивалот, особено програмски, рече Јовановиќ.

Тој потсети дека минатата година овој фестивал беше единствен во земјава и во светот кој реализираше телевизиско издание на фестивалот, со цел да ја продолжат традицијата и да ја надминат кризата.

-Но тоа не го направивме од позиција на загрижени или уплашени филмаџии, туку со уште посилна мотивација од претходно, одредувајќи си мисија да ја пласираме филмската уметност и бескопмпромисно да ја доближиме до публиката. Тоа наше делување даде мултиплициран ефект и додадена вредност, така што фестивалска програма имаа можност да ја погледнат скоро 2 милион гледачи, рече Јовановиќ.

Токму затоа, како што посочи, оваа година, фестивалот полека се враќа на класичниот формат на одржување во живо, но дел од содржина ќе се емитува и на ТВ 24, почнувајќи од 3 ноември.

-Немаме намера да се откажеме од овој начин на пласирање на фестивалот, знаејќи го влијанието кое минатата година Киненова го имаше во јавноста. Фестивалот оваа година обезбеди доста концетрирана програма, која ќе им овозможи возбудлива авантура на гледачите, рече Јовановиќ.

Програмскиот директор на фестивалот, Игор Анѓелков денеска рече дека Киненова и оваа година им отстапува простор на осум моќни, нови гласови, чии филмови ќе се борат за престижните фестивалски награди.

Годинава, како што рече, им се отстапува простор на две документарни остварувања кои обработуваат исклучително интересни теми.

-Многу се радувам што оваа година прикажувањето на официјалната селекција на филмови се враќа онаму каде што и е местото – на големиот екран во затемнетатат кино сала. Единствено таму публиката може да ја доживее моќта на подвижните слики на дебитантите од различни кинематографии, кои во светот полн со илузии, ги создаваат можеби најсилните остварувања во седмата уметност во денешно време, рече Анѓелов на прес-конференцијата.

Тој додаде и дека Киненова е благонаклонета и кон помалите кинематографии, па ќе има и еден филмски претставник од соседно Косово, кој е вистински прирачник за реализација на мал, но силен филм.

Како што рече, полската и грчката кинематографија се во редовен фокус, додека португалскиот филм ќе приреди вистинско позитивно изненадување.

Особено задоволство изрази што во официјалната програма ќе го има и минатогодишниот победник на фестивалот во Сан Себастијан, а фестивалот ќе биде отворен со актуелниот победник на престижниот фестивал во Карлови вари.

Коронавирус