петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 134
home Култура

СЕЌАВАЊЕ: Пет години од смртта на Љупка Димитровска, нејзините песни и денес се слушаат

СЕЌАВАЊЕ: Пет години од смртта на Љупка Димитровска, нејзините песни и денес се слушаат

Денеска се одбележуваат пет години од смртта на Љупка Димитровска, доајен на забавната музика во поранешна Југославија, која врвот на својата популарност го достигнала во 70-те и 80-те години од минатиот век.

Првиот албум „Љупка“ го објавила во 1975 година, а зад неа останале речиси пет децении музичка сцена во текот на кои отпеала многу хитови, незаборавни песни кои ги напишал нејзиниот веќе покоен сопруг Никица Калоѓера.

Повеќепати пеела на Сплитскиот фестивал, а хитовите „Годините не се важни“, „Јас го сакам, тој мене не“, „Нема веќе љубов“, „Ќе се лути мојата мајка“,… се влезени во антологијата на забавната музика.

Димитровска Калоѓера била родена во 1946 година во Скопје.

Коронавирус