понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 28
home Култура

Седумдесет документарни филмови дел од годинашното издание на „МакеДокс“

Седумдесет документарни филмови дел од годинашното издание на „МакеДокс“

„Што сега“ или „Where do we go now“ е мотото на годинашното 12-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, кој ќе се одржи на четири локации од 19 до 26 август во Скопје. Фокусот ќе биде насочен кон дистрибуцијата на документарниот филм, со посебен акцент на промоцијата на филмовите низ фестивалите во Европа.

Фестивалот ќе се одржи во Куршумли-ан, МКЦ, Музејот на современа уметност и Музејот на Македонија. Како што посочи Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот, мотото симболизира преиспитување што и како да правиме од сега па натаму.

– Со самото тоа и мотото на фестивалот гласи „Where do we go now“, односно „Што сега“. Некако во овие две години сите имаме некоја желба да патуваме или да се поместиме од место, всушност сме вкоренети во едно исто место. Можеби тоа треба да го искористиме за да се преиспитаме што сега, како сега и како од сега понатаму, рече Набаков на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека на фестивалот ќе бидат прикажани околу 70 документарни филмови, поделени во пет натпреварувачки категории.

Главната програма која се бори за наградата „Кромид“, на овие автори, односно „Млад Кромид“, кратки документарни филмови – „Сецкан Кродмид“, студенстката програма – „Кокарче“, но и награда за етички идеи, која традиционално се доделува на фестивалот, а е сочинета од филмови кои се наоѓаат во програмите нови автори и главната документарна програма.

Ќе има плус уште две програми надвор од компетиција, тоа е Земја во фокус. Оваа година во фокусот е Украина, а ќе има и програмата за деца и млади.

Жирито го сочинуваат 15 интернационални професионалци од документарниот свет. Според Набаков, ново е тоа што за разлика од претходната година оваа година на фестивалот ќе има 30 странски гости.

-Сите филмови ќе ги даваме само физички, односно оваа година фестивалот ја зазема физичката форма, немаме хибриден фестивал како претходната година. Освен делот за филмски професионалци, мастер класовите, работилниците, и копродукс форумот ќе бидат онлајн со некоја си хибридна форма, појасни Набаков.

Петрула Велјановска, од програмскиот тим на МакеДокс на прес-конференцијата посочи дека фестивалот оваа година ќе биде отворен со филмот „Луѓе од гаражи“ на режисерката Наталија Јефинкиња, тоа е филм од „Њу камер“ програмата, филм кој ќе биде во натпреварувачката програма за дебитански филм.

Инаку, во оваа програма исто така ќе се натпреваруваат филмовите како што е „Зиндер“, на режисерката Ајџа Џамаки, еден од филмовите кој ни доаѓа од Африка.

Како што рече Велјановска, во главната програма оваа година на МакеДокс ќе се најдат осум филмови, кои биле присутни на светски познатите фестивали за документарни филмови.

Во главната програма ќе биде и филмот Гунда на режисерот Виктор Косаковски, кој пред две години беше присутен на МакеДокс.

Исто така, во главната програма ќе се најдат и филмовите кои беа фестивалски хитови во 2020 година.

-Оваа година на МакеДокс, во фокус програмата ќе биде земјата Украина, земја која изминативе години покажа исклучтиелно добра документаристипчка продукција, филмови кои многу често беа наградувани на светските филмски фестивали и освоија многу награди, рече Велјановска.

Отворањето на земја во фокус програмата ќе биде следниот ден по официјалното отворање на фестивалот, зна 20 август, во Куршумли-ан, програмата ќе биде отворена со филмот „This rain will never stop“, кој што исто така ја доби наградата за најдобар дебитански филм на Интернационалниот фестивал во Амстердам.

Режисерката на филмот ќе биде присутна на фестивалот, а покрај нејзе ќе има уште пет гости од Украина, кои ќе бидат присутни со своите филмови. Ќе имаме и две гостинки од фестивалот за човекови права на Украина.

-Тука е и студентската програма која што ќе се состои од седум исклучителни студентски филмови, тука се филмовите на албанската режисерка Лугина Шкупа, како и на режисерката Виф Ли -„I dont feel at home anywhere anymore“. Во програмата за кратки филмови ќе има околу 17 кратки филмови, додаде таа.

И година ќе има детска и младинска програма на фестивалот. Избрани се девет норвешки анимирани детски филмови, но и неколку кратки документарни филмови.

Локални избори 2021