вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 150
home Култура

Самостојна изложба на Михаела Јовановска во Софија

Самостојна изложба на Михаела Јовановска во Софија

Самостојна изложба на Михаела Јовановска насловена  „Златната рипка и потомокот“ ќе биде отворена вечер во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.

Ќе бидат претставени дела создадени во комбинирана техника со користење акрил, принт врз пластична фолија, плексиглас, епоси смола итн.

Михаела Јовановска е вработена во Национална галерија на Македонија како соработник за визуелни уметности и дизајн. Додипломски студии завршила на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Се изразува во различни медиуми од кои најчеста е уметничката инсталација.

Нејзини дела се изложувани на повеќе групни и на четири самостојни изложби во Македонија, како и во странство – MC Gallery во Њујорк, Прима центар во Берлин, галерија „Лауба“ во Загреб, „Миодраг Дадо Џуриќ“ во Цетиње и КИЦ во Софија.

Поставувањето на изложбата е дел од Годишната програма на КИЦ на РМ во Софија и е поддржано од Министерството за култура на Република Македонија.

МИА