вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Култура

Самостојна изложба на Љупчо Бојаров во Велес

Самостојна изложба на Љупчо Бојаров во Велес

Самостојната изложба на академскиот сликар Љупчо Бојаров вечер, во 19 часот, ќе биде отворена во Народниот музеј во Велес. Публиката ќе може да ги погледне ликовните дела на Бојаров изработени во мал формат од 1985 до 2019 година.

Делата се изработени во повеќе ликовни техники: масло на платно, цртежи, линорез во боја графика, дрворез графика и објекти. На изложбата ќе бидат прикажани ликовни истражувања на симболи и знаци изработени во поседниве три децении. Искуството од истражувањето во повеќе ликовни техники ќе биде претставено на четирисетина дела.

Љупчо Бојаров е роден на 16.08.1959 г. во Скопје. Училиште за применета уметност завршил во Скопје во 1978 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1984 година. Член е на ДЛУМ од 1984 година. Живее и работи во Скопје.

Добитник е на повеќе награди, во земјава и во Шведска, Италија, во поранешна Чехословачка. Досега имал повеќе самостојни изложби и учествувал на меѓународни изложби во нашата држава и во Србија, Шведска и Црна Гора. Бил дел од групни и меѓународни групни изложби во нашата земја и во Србија, Црна Гора, Чехословачка, Унгарија, Словачка, Шведска, Англија, Франција, Америка, Грција, Египет, Италија и Бугарија.

Изложбата ќе биде отворена до 16 овој месец.