сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 92
home Култура

Расте незадоволството од власта: Културните работници најавија протести и блокирање на институциите

Расте незадоволството од власта: Културните работници најавија протести и блокирање на институциите

Синдикатот за култура на Република Македонија (СКРМ) е револтирано што нема обезбедено средства за зголемување на буџет за плати во културните и уметничките институции. Затоа даваат ултиматум до 31 декември надлежните институции да го решат овој проблем, или во спротивно следат блокади.

До крајот на годината требаше да се донесе новиот закон за остварување на јавниот интерес во културата, со тоа да се потпише и колективниот договор, но, велат од Синдикатот, закон не е донесен, а не се обезбедени ниту средства за колективен договор со Буџетот за 2019.

„Во разговор со министерот со култура (Асаф Адеми н.з.) ни беше објаснето дека законот за култура доцни заради недонесувањето на законот за вработени во јавната администрација, заради тоа што законските промени треба да се вметнат и сите да се усогласат. СКРМ има разбирање за овој процес, но мораме да го искажеме незадоволството од непоместување на состојбите од мртва точка, во која вработените се наоѓаат повеќе од една деценија“, реча на прес-конференција актерката Сања Арсовска, претседателка на СКРМ.

Во оваа насока како чекор кон потшувањето на колективниот договор, СКРМ бара нивелација на платите во сите дејности, со кои, велат тие, делумно ќе се амортизираат катастрофалните состојби во институциите каде вработени на исто место, со ист степен на служеност и одговорност, земаат различни плати.

Потенцираат дека барањето за нивелација на плати е испратено до ресорното министерство во вторникот. Се уште чекаат одговор. Исто така, бараат и преку пратениците, преку амандмани во законодавниот дом да се изгласаат и вметнат средства во буџетот за претстојната година.

„Според пресметките на Министерството, за нивелација на платите во културата се потребни околу 75 милиони денари. Културата е единствената гранка која 12 години нема потпишано колективен договор и која се уште има најниски плати. Не можеме да зборуваме за културен и уметнички развој додека вработените, оние што ја создаваат уметноста, оние што се грижат за културното наследство, за библиотечните фондови… живеат на раб на егзистенција. Културните работници веќе немаат трпение. Не сакаме веќе да бидеме школски пример за социјалната неправда врз нас. Затоа, доколку до 31 декември не се усвојат и одобрат средства за нивелација на плати, вработените во културата новата година ќе ја дочекаат со блокирање на институции“, рече претседателката на СКРМ.

На новинарско прашање дали знае дали во последните месеци има партиски вработувања во културните институции, Арсовска одговори: „Не знаеме дали имало вработувања за да процениме дали биле партиски или не“.

Нагласи дека веќе формирале т.н. протестен одбор за превземање на различни активности.

„Ова значи, престанок на наш ангажман, односно граѓанска непослушност“, нагласи претставничката на Синдикатот на култура.

Коронавирус