петок, 3. април 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Култура

Прва самостојна изложба на Ѓорѓи Динев – „2019“

Прва самостојна изложба на Ѓорѓи Динев – „2019“

Прва самостојна изложба „2019“ на Ѓорѓи Динев вечер ќе биде отворена во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ).

Динев комбинира теорија и филозофија на ликовната уметност. Во светот на уметноста тој се обраќа преку визуелни ефекти, а боите се први кои нè обземаат. Боите се хармонично подесени, а во некои решенија има значајни конфронтации во боја. Делата на Ѓорѓи Динев се различни за секој „гледач“. Тие се менуваат во зависност од подготвеноста на гледачот за гледање, искуствено прифаќање. Изложбата ќе трае до крајот на годината.

Ѓорги Динев е роден на 27.02.1994 во Струмица. Средно образование завршил во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје, на оддел графика. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, оддел графика, во класата на проф. м-р Мирко Вујисиќ. Добитник е на наградата за студентска графика „Драгутин Аврамовски – ГУТЕ“ – 2017.

Коронавирус