четврток, 23. мај 2019. Вести денес: 59
home Култура

Промовирана стихозбирката „Градот“ од Билјана Начовски

Промовирана стихозбирката „Градот“ од Билјана Начовски

Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево синоќа ја промовираше стихозбирката „Градот“ од поетесата Билјана Начовски.

Стихозбирката има 38 песни, а авторката претходно ги објави и „Акорди на моето срце“ и „Сила што ќе напише“.

– „Градот“ е наградена стихозбирка на конкурсот на здружението „Златно перо“ од Битола. Во неа има 38 песни, дел од нив се автобиографски и се напишани за да може на сите читатели да им се допаднат и тие да си најдат некоја своја песна, истакна Начовски.

Директорката на „Илинден“  Билјана Петровска рече дека е задоволство што витрините на нивната библиотека ќе ги краси уште едно дело напишано од роднокраен автор.

Песни од збирката „Градот“ на промоцијата читаа ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“. (МИА)