петок, 5. март 2021. Вести денес: 77
home Култура

Промовирана новата книга „Секогаш те одбирав тебе“ од Ивана Наскова

Промовирана новата книга „Секогаш те одбирав тебе“ од Ивана Наскова

По трилерот „Сестра“ писателката и стенд-ап комичарка Ивана Наскова, ја промовираше својата нова книга „Секогаш те одбирав тебе“.

Станува збор за љубовен роман кој ја раскажува приказната на силната љубов помеѓу младиот Касијан и слепата Варвара. Потресна, трогнателна и исклучително емотивна книга која со сигурност ќе го освои срцето на читателите како што тоа го направија и досегашните романи на писателката Наскова.

Ивана Наскова е автор на „Совршениот странец“, „Вети ќе ме сакаш“ и трилерот „Сестра“. Ова е нејзиното четврто дело кое излезе во продажба на 22 јануари, кога Ивана направи вклучување во живо на нејзиниот ФБ профил и одговараше на прашањата на читателите.

Наскова со сигурност станува омилен домашен автор помеѓу читателската публика во Македонија и за нејзините дела може да се прочитаат многу позитивни коментари и рецензии.

Коронавирус