сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Култура

Промовиран краток документарен филм за Мајка Тереза од Емин Аземи

Промовиран краток документарен филм за Мајка Тереза од Емин Аземи

Краткиот документарен филм „Соживотот во Македонија и ликот и делото на Мајка Тереза“ вчера беше промовиран во рамки на проектот „Заеднички темели“. Со тоа заврши овој проект кој е на тема: „Промоција на духот и културата на Албанската нација во креирањето на РСМ од нејзиното постоење до сега“ и претставува дел од прославата на 30-годишнината од независноста на земјава.

Автор на краткиот документарен филм е професорот Емин Аземи, кој е голем познавач на културата на Албанците и соживотот во земјава.

Во филмот се зборува за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните како дел од македонското мултикултурно општество, колку младите знаат да ги негуваат традицијата, историјата и убавините на живеењето, како тешките моменти низ коишто имаме поминато во изминатите 30 години влијаело на развој на заедничката традиција и соживот.

На промоцијата се обрат и директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА) Скендер Асани.

Публиката ќе има можност да го погледне краткиот документарен филм в петок на ТВ21.

Коронавирус