петок, 22. март 2019. Вести денес: 110
home Култура

Промоција на зборникот текстови „За душата“

Промоција на зборникот текстови „За душата“

Денес, во 12 часот во Македонската академија на науките и уметностите ќе се одржи промоција на Зборникот текстови „За душата“.

Во зборникот се поместени 37 научни и филозофски трудови на истакнати домашни и странски научници, филозофи и истражувачи од истоимената Меѓународна научна конференција одржана на 1-3 јуни 2016 година во Скопје. Зборникот претставува исклучителен мултидисциплинарен придонес во тематизацијата на душата, односно една вечна, но и оспорувана и избегнувана тема во совремието.

Зборникот како финален „пишан“ документ од Научната конференција, е плод на успешната соработка на три здруженија: Здружението за компаративна книжевност на Македонија ЗККМ Скопје, Здружението на класични филолози „Антика“ и Филозофското друштво на Македонија.

На промоцијата со воведно излагање ќе се обрати академик Георги Старделов, додека пригодна промотивна реч ќе одржат: проф.д-р Валентина Миронска-Христовска, проф. д-р Весна Томовска и вонр. проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ.