четврток, 26. април 2018. Вести денес: 49
home Култура

Промоција на романот „Граница“ на академик Луан Старова

Промоција на романот „Граница“ на академик Луан Старова

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска напладне ќе биде промовиран романот „Граница“ од академик Луан Старова.

– .„Граница“ е шеснаесетта книга од неговата балканска сага, значајна книжевна творба за балканските граници, за нивната вплетеност во судбината на луѓето и таа, со својата интимна текстура, сведочи за балканскиот трагизам, соопшти Библиотеката во најавата за промоцијата.

Луан Старова (1941) е автор на 16 романи кои ја опфаќаат цикличната сага која од авторот е именувана „Балканска сага“. Неговте романи се преведени на голем број јазици, а за своето книжевно дело е добитник на повеќе престижни домашни и светски награди.

Добитник е и на престижното француско признание Командант од редот на уметностите и книжевностите и на францускиот орден – Офицер на националниот ред на легија на честа. Пишува на македонски, на својот мајчин албански јазик и на француски јазик.

Најновиот роман на Луан Старова денеска ќе го промовира проф. д-р Елизабета Шелева.