недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 43
home Култура

Промоција на поетската книга „Допирот на времето“ од Моника Стојанова

Промоција на поетската книга „Допирот на времето“ од Моника Стојанова

Во Дом на културата „Кочо Рацин“ вечер од 20 часот ќе биде промовирана стихозбирката „Допирот на времето“ од Моника Стојанова.

Тоа е прва поетска книга на младата авторка, која досега има објавено пет прозни дела. Збирката содржи творби напишани во строгите поетски форми сонети и сонетен венец.

Рецензент и промотор на делото е проф. д-р Кристина Николовска од Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Настанот ќе биде збогатен со настап на виолинистката Пламенка Трајковска и на танцова двојка од Центарот за модерни и спортски танци „Прима данца“.