Во рамки на Вевчанското културно лето – ВЕВКУЛ вечер во црквата „Свети Никола“ во Вевчани ќе биде промовирана збирката песни „Суштината на времето“ од Виолета Пачевски.
Книгата е двојазична на македонски и српски јазик, а авторката која живее и твори во Панчево има потекло од Вевчани и Струга.
Промотори ќе бидат писателите Петко Шипинкаровски и Мишо Китаноски, а стихови ќе чита Верица Мукоска.
По промоцијата, Пачовски ќе има средби со читателите.
МИА