среда, 17. октомври 2018. Вести денес: 48
home Култура

Промоција на книгата раскази „Океан од слики“ од Томислав Османли

Промоција на книгата раскази „Океан од слики“ од Томислав Османли

Книгата раскази „Океан од слики“ од Томислав Османли вечер ќе биде промовирана во Културно-информативниот центар-Скопје. Делото го издаде издавачката куќа „Магор“ од Скопје.

Книгата ќе ја промовираат професорите Лидија Капушевска Дракулевска и Владимир Мартиновски, а извадоци ќе чита актерката Ане Блажовски.

Османли создава во повеќе диспиплини. Автор е на 23 објавени книги: проза, драмски текстови, сценарија, теорија и есеистика. Неговите книжевни творби се преведени на англиски, француски, полски, српски, хрватски, бугарски, романски, грчки, арапски…, како и на Ладино, јазикот на сефардаските Евреи.

Со години се занимавал со филмска и театарска критика и публицистика. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонскиот ПЕН центар. Од 1976 година работел како новинар и уредник секогаш на рубрики или програми од културата, а денес е слободен уметник, писател, сценарист и драмски автор со бројни меѓународни референци. За својата разновидна уметничка и новинарска работа добитник е на близу дваесет награди.