Вечерва со почеток во 19.00 часот, во Клуб Иридиум 77 (ГТЦ) ќе биде промовиран романот “Како избравме американски претседател” од новинарот и публицист Александар Сашко Кукулев.
Феноменот на лажните вести и улогата на група тинејџери од Велес, во исходот на претседателските избори во САД, се лајт мотивот на ова интересно книжевно дело, кое авторот Алекдандар Сашко Кукулев и го нуди на читателската публика. Рецензент на романот е мр. Елизабета Арсоска додека за феноменот на лажните вести како предизвик за глобалната безбедност, на вечерашната промоција ќе говори др. Оливер Андонов.
Книгата е во издание на издавачката куќа “Полица” од Скопје.