четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home Култура

Промоција на книгата „Да не бидам покусо” од Ѕвездан Георгиевски

Промоција на книгата „Да не бидам покусо” од Ѕвездан Георгиевски

Во Салон 19,19 во Културно-информативниот центар вечер од 19.19 часот ќе биде промовирана книгата „Да не бидам покусо” од новинарот Ѕвездан Георгиевски.

Се работи за збирка од 70-ина куси раскази и кратки форми, т.н. „едноминутни новели“ создадени под влијание на родоначалникот на овој жанр – Иштван Еркењ, но и на други автори на куси раскази како Хармс и О’Хара. Тематски се движат меѓу надреалното и апсурдот, често навлегувајќи во магичниот реализам.

Ѕвездан Георгиевски (1961, Јесенице) работел како новинар, колумнист и уредник во повеќе редакции. Основач е на првото приватно радио во Македонија, „Канал 4“, превел десетина книги, главно од јазиците на поранешна Југославија, уредил неколку зборници, литературни и публицистички дела. Во моментов работи како извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Автор е на романот „Една недела во животот и смртта на Гроздан“ и публицистичкиот труд „Урбани топоними“.  Книгата раскази „Да не бидам покусо“ е издание на „Просветно дело“. (МИА)