понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 155
home Култура

Промоција на избрани дела од Стојан Андов

Промоција на избрани дела од Стојан Андов

Промоција на избрани дела на Стојан Андов ќе се одржи денеска во Кинотеката на Македонија.

Во колекцијата од десет томови застапени се книгите: „На мој начин“, „Моите патувања“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“, „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“ ,„Приказната на Марија“, „Драматичната 1991 година“, „1992-година на опасни предизвици“, „Успеси и заговори -1993 година“ и „Пред атентатот и по него“.

За мемоарско-публицистичките и литературни дела ќе говорат Раде Силјан, главен уредник на изданието, академик Владо Камбовски, писателот Блаже Миневски, надворешно-политичкиот коментатор Љубомир Гајдов и амбасадорот Љупчо Арсовски.

Со промоцијата на избраните дела „Матица македонска“ ќе ја  одбележи и осумдесет и тригодишнината од раѓањето на Стојан Андов, прв претседател на Собранието на Република Македонија.

МИА

Коронавирус