недела, 21. април 2019. Вести денес: 0
home Култура

Промоција и изложба на Христо Петрески

Промоција и изложба на Христо Петрески

Во Културно информативниот центар во Скопје, денеска ќе се одржи промоција на најновата книга и изложба на писателот и сликар Христо Петрески.

За најновата поетска книга „Здив“, ќе говори проф.д-р Кристина Николовска, а за ликовното творештво на Петрески ќе зборува проф.д-р КирилТемков.

Петрески е автор на повеќе од дваесет поетски книги, а има реализирано и над петнаесет самостојни ликовни изложби во земјава и странство.

Петрески е добитник наголем број републички и меѓународни награди, меѓу кои и на: Ацо Шопов, Рациново признание, Гоцева повелба, Ванчо Николески, Јован Котески, Васил Куноски, Крсте Петков Мисирков, Иво Андриќ, Гогољ, Радое Домановиќ, Борисав Станковиќ, Гран при, Книжевно перои повеќе други награди и признанија.

Како ликовен творец бил учесник на неколку македонски и на две меѓународни ликовни колонии во странство.