вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 176
home Култура

Продолжува истражувањето на неолитската населба Врбјанска Чука

Продолжува истражувањето на неолитската населба Врбјанска Чука

На археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија овој месец продолжуваат истражувањата кои се насочени на неолитската населба формирана пред 8 000 години, како и на фазите на овој локалитет во доцната антика и средниот век.

Во теренските истражувања се вклучени археолози и студенти од Македонија, Германија, Полска, Словенија и Чешка, а во рамките на проектот се прават анализи со стручни лица од повеќе институции во Швајцарија, Шпанија, Франција и Србија.

Покрај проучувањето на материјалната култура, архитектурата, стопанството и општествените процеси, истражувањата вклучуваат и примена на геодетско документирање, археоботаника, археозоологија, геомагнетно скенирање, дигитална топографија, геоархеологија, фотограметрија и 3Д моделирање, дронска ортофотографија, изотопски, радиокарбон и функционални анализи.

Годинашните теренски истражувања на Врбјанска Чука се во соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп и Институтот за старословенска култура.

МИА

Коронавирус