недела, 23. септември 2018. Вести денес: 64
home Занимливости

Природни убавини кои го одземаат здивот: Ова се 20 најубави места на светот, за некои сигурно немате слушнато (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Природни убавини кои го одземаат здивот: Ова се 20 најубави места на светот, за некои сигурно немате слушнато (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Светот е преубав со работи кои го одземаат здивот и скриени убавини кои секој би сакал барем еднаш да ги види во животот.

Секое од овие места е нешто кое што секој сака да посети и да ужива во убавината кој докажува колку природата е моќна и магична.

Ви ги претставуваме 20-те најубави места на планетата Земја.

1.Антилопа кањонот

Lower Antelope Canyon is a truly magical place I totally fell in love with!

A post shared by Anna (@njuska.t) on

Антилопа кањонот е навистина фасцинантно место, сместено на Навахо земјата во северниот дел на Аризона. Одличната портокалово- кафена боја на карпестите ѕидови, со интересни облици, како и величествената игра на длабоката темница и светлината која доаѓа од горната страна, го прават овој кањон одлично место за истражување.

2.Аурора Бореалис

Иако ова впрочем не е дестинација, не можеме да зборуваме за најубавите места на планетата и чудата на природата, а да не ја спомената Аурора Бореалис, односно поларната светлост. Ова фасцинантно небеско лајтшоу е предизвикано со соларен ветер кој удира во атмосферата, а најдобро се гледа од високите делови, кои се сместени во северните делови на Норвешка, Шведска, Финска и Русија.

3.Гранд Примастик изворот

Јелоустоун националниот парк е едно од најубавите и најмистериозни места на Земјата. Со оглед на тоа дека се наоѓа над супер вулкан, ова место има голем број геотермални особини, од кои една е Гранд Примастик извор, најголемиот извор на топла вода во САД. Преубавата боја која ова место ја поседува постои благодерајќи на бројните микроорганизми кои живеат во водите кои се богати со минерали.

4.Зангје Дансија

Морничавата глетка на формацијата на Зангије Дансија во југоисточна Кина, нам ни ги претставува одлично обоените минерални формации кои се стари неколку милиони години. Тие настанале поради константната ерозија и тектонските активности. Ова е едно од местата на планетата кои најмногу потсетуваат на нешто вонземско.

5.Кањо Кристалес

Иако е релативно кратка, се протега само 96 километри низ Колумбија, Кањо Кристалес е една од најимпресивните реки во светот од сосема изненадувачка причина. Наречена е „Река на пет бои“, а својот единствен шарен изглед го добива поради видовите флора кои растат во нејзиното корито.

6.Памукале

Лоцирано на југозападот на Турција, Памукале е воодушевувачко место каде глејзерите креирале бели базени од на падини на брдо. Ова место изгледа како да излегло од бајка и од светот на магиите. Кога ќе се преведе од турски, Памукале значи памучен замок.

7.Геирангерфјорд

Flooded valleys. #norway

A post shared by Sean Ensch (@sean_ensch_images) on

Долгите стрмни долини, кои одамна се пресечени од страна на глечерите, или со други зборови фјордови, се нешто најспектакуларно што природата направила. Секако најдобро место за истражување фјордови е Норвешка, а најдобро место во Норвешка е Геирангерфјорд. Ова место е под заштита на Унеско и неговата магија мора да ја видите, не постојат доволно добри и силни зборови кои може да ја опишат.

8.Светлечката пештера Ваитомо

А сегодня в нашей ленте – Новая Зеландия, а именно одно ее из самых привлекающих туристов мест, Пещера Светлячков. А так она примечательна тем, что ее свод покрывают тысячи грибных комариков, создающих впечатление звездного неба над головой 🌌. Насекомые вида Arachnocampa luminosa, обитающие в этой пещере, распространены исключительно в Новой Зеландии. Их личинки 🐛 делают нити с каплями липкой жидкости и прикрепляют их к своду пещеры, а затем «подсвечивают», привлекая тем самым мелких насекомых, которыми питаются, и туристов, что пришли полюбоваться ими 😀 Пещера Светлячков, однако, всего лишь она часть пещерного комплекса Вайтомо на Северном острове, в который входят пещеры Руакури, Арануи и Гарднерс Гат. Миллионы лет назад регион, где находятся известняковые пещеры Вайтомо, был под водой. Кораллы, морские раковины 🐚, скелеты рыб и множество мелких морских организмов образовали известняковую толщу мощностью более 200 м. Затем, когда известняки обнажились и превратились в сушу, начали формироваться многочисленные пещеры: вода растворяла известняк 🌊, образуя полости. И сегодня они являются объектом исследования ни только любознательных туристов, но и ученых всего мира. 🔸🔸🔸 Мы поможем вам подобрать тур в любой уголок мира 👌 (4242)300-141 📱 #newzeland #vaitomo #glowwormcaves #новаязеландия  #вайтомо #пещерасветлячков #отдых #recreation #путешествия #travels  #солнцетур65 #solncetur65 #sakhalin #sakhalinisland #insta_sakh #сахалин #южносахалинск #остров_сахалин #регион65

A post shared by “Солнцетур” Южно-Сахалинск 🌞 (@solncetur65) on

Нов Зеланд е дестинација која е позната по своите спектакуларни пејсажи, а многу тоа може да се види и под површината на земјата. Еден од примерите на убавината и интересните детали на Нов Зеланд е светлечкта пештера Ваитомо, која е дом на овие мали суштества кои светат во мрак. Еден поглед на внатрешноста на оваа пештера ќе направат срцето и здивот да ви застанат на момент.

9.Полињата со лалиња во Холандија

Веќе преку четири века, лалињата се доста популарни во Холандија и денес оваа земја е најголем светски одгледувач на ова елегантно цвеќе. Огромните и шарени полиња со лалиња се она што предизвикува воодушевување и предизвикува воздишки во северните и западни делови на оваа зема, а најдобро е да се посетат во средината на април.

10.Салар де Ујуни

Сместен високо на Андите, во југозападна Боливија, Салар де Ујуни е најголемо поле со сол на светот. Ова е океан со бела боја кој е два пати поголем од државата Делавер и скоро во потполност е рамен. Варијациите на висината на ова поле се помалку од еден метар на целиот простор. Кога е ведро небото и кога ова поле е прекриено со вода, тоа делува како големо огледало и за луѓето претставува рефлексија на небото каква што нигде на друго место не може да се види.

11.Езерото Хилиер

Мидл Ајленд, остров сместен близу до брегот на западна Австралија е локацијата на езерото Хилиев, кое има чудно водено тело кое е потполно розево. Оваа необична боја, која изгледа фантастично во контраст со зелениот дел од островот, според научните истражувања е резултат на животот на микроорганизмите во езерото.ж

12.Планината Рораима

#MadreDeTodasLasAguas Aunque no conocemos el autor de esta foto, nos pareció perfecta para homenajear a quienes nos trajeron al mundo #FelizDíaDeLasMadres , ellas nos inspiran 🍃 y nos muestran toda la belleza de nuestro mundo . . . Hoy las felicitamos y les regalamos esta imagen tomada desde los aires a esta increíble creación de la #Naturaleza . . . Amor, café y montaña ☕ #CaféNaiguatá #VenezuelaParadise #CaféNaiguata #Roraima #Venezuela #VenezuelaMegadiversa #ExplorandoMaravillas #VenezuelaEnFotos #ConoceVenezuela #EstoEsVenezuela #ConLosPiesEnVenezuela #Travel #TurismoDeAventura #DiscoverSouthAmerica #VisitSouthAmerica #Adventure #Tepuy #Canaima #ZomozVenezuela #TrilhandoMontanhas #OutdoorSports #MontanismoBrasil #TrilheirosDoBrasil #Trilhandotrilhas #TrilharnosVamosBrasil #ClubeDosAventureiros #cafenaiguataexperiencias

A post shared by Café Naiguatá (Caracas) (@cafenaiguata) on

Како еден од највеличенствените врвови на светот, планината Рораима е сместена на границата меѓу Венецуела, Бразил и Гвајана, а се издигнува до неверојатни 2743 метри висина. Ова е впрочем пространо плато со високи карпи кои го опкружуваат од сите страни, а најубаво изгледа кога над него има пареа од пенливи облаци.

13.Алхамбра

Опишана е како „бисер меѓу смарагдите“ поради својата локација, Алхамбра е преубава андалузиска палата, која ја изградиле мурски владари од овој регион во текот на Средниот век. Ова архитектонско ремек дело е и едно од најпознатите атракции на Шпанија.

14.Полињата со ориз во Виетнам

Сместени на падините на брда, виетнамската полиња со ориз кои се спружени до недоглед, можат да се видат во сите делови од оваа. Тие морале да бидат сместени баш тука, поради незгодниот терен на тој дел од планетата, во спротивно занимавањето со земјоделието би било потполно неуспешно. Овие полиња се еден од примерите на човековата интервенција преку која се успеало да се разубави природната убавина на Земјата.

15.Големата сина дупка

#bigbluehole #Belize

A post shared by ⚓Andrew Cook⚓Prince Hohenlohe (@chiefcaptainwerdna) on

Како дел од веќе импресивниот Бариер гребен во Белизе, Големата сина дупка е нешто што делува доста застрашувачко гледано од горе, изгледа како огромна црна дупка, опкружена со тиркизните води на Атлантикот. Таа е мистична и интересна, посебно за нуркачите кои се привлечени од нејзината магија и се впуштаат во истражување на нејзиното дно, до кое успеале да стигнат само неколку луѓе.

16.Хитсуијама Парк

Хитсуијама Парк, сместен во јапонскиот град Чичибуу е едно од најшарените места во оваа држава. Секоја година од април до мај илјадници цветови од вишна и пламени цвеќиња цветаат и го прекриваат делот од брдото во розева и лилјакова боја. Ова преубаво цветање е знак дека пролетта пристигнала во Јапонија, а бројни жители и туристи го посетуваат ова место баш во тој период.

17.Џодпур

#india #jodphur #meherangarhfort #magicindia

A post shared by Sara (@rosbono) on

Индија е голема земја која има повеќе од богата историја и културен диверзитет, така што постојат многу места кои би требало да се видат барем еднаш во животот. Едно од најневеројатните чуда е синиот град Џодпур, сместен во северозападната провинција Раџастан.

18.Џиновскиот мост

The Giants Causeway #bucketlist #northernireland #thegiantscauseway

A post shared by Sam Palmer (@sammyp2512) on

Џиновскиот мост (Giant’s Causeway) е едно од оние природни чуда кои се толку интригантни што би ви било тешко да поверувате дека не се дело на човекот, туку од самата сила на природата, чија мистичност ги окупира човековите мисли од настанокот на човекот па до денешниот ден. Се состои од 40.000 столбови, кои на тоа место стигнале при вулканска ерупција пред околу 60 милиони години. Името на ова преубаво природно чудо потекнува од легендата која вели дека ова е остаток од мост кој ги спојувал Ирска и Шкотска и кој го направил џин.

19.Езерата Келимутy

Сместен индонезискиот остров Флорес, Келмуту е вулкан кој е познат по своите кратерски езера. Бојата на овие езера варира од зелена до сина, а понекогаш во зависност од бројните услови знае да оди и до црвена. Што и да направила природата за да го креира овој преубав предел, мора да бидеме благодарни за тоа. Еден поглед на ова место, посебно од голема оддалеченост, ќе направи да помислите дека се наоѓате во некоја бајка.

20.Сината лагуна на Исланд

Кога ќе помислите на Исланд, можеби баш и не би помислиле дека тука се наоѓаат некои од најубавите места на планетата. Сепак, благодарејќи на геотермалните активности луѓето може да ги облечат своите костими за капење и да уживаат во топлата вода, додека се опкружени со снег и мраз. Сместена близу главниот град Рејкјавик, преубавата Сина Лагуна е едно од изненадувањата кои природата ни ги припрема и со кои не обзима и освојува.