петок, 22. март 2019. Вести денес: 103
home Култура

Претставата “Улица на мравките” на Оливер Мицевски влезе во специјална селекција на престижниот CPH Stage во Данска

Претставата “Улица на мравките” на Оливер Мицевски влезе во специјална селекција на престижниот CPH Stage во Данска

Театарската претстава на нашиот Оливер Мицевски “Улица на мравките” работена според истоимениот текст на водечкиот германски драмски автор Роланд Шимелфениг е селектирана за CPH Stage, најзначајниот театарски фестивал во Данска кој што се одржува секоја година во Копенхаген.

Фестивалот ги прикажува најдобрите и најиновативни претстави во Данска од тековната театарска сезона. Ова е прв пат во историјата на фестивалот, да биде селектирана претстава на македонски режисер.

Мицевски и е веќе познат на скандинавската публика со неговата постановка на “Норвешка денес” во Nordic Black Theatre во Осло.

Истиот текст, во 2011 Мицевски го постави во Драмски театар Скопје.

Во изминативе години, Мицевски работи во Данска, Унгарија, Франција и неговите претстави со голем успех се играат на сцените на најзначајните европски театри. Мицевски, иако етаблиран и ценет во европски рамки, го нема на репертоарот на македонските театри.

Се надеваме дека наскоро и македонската публика ќе има можност да ужива во некоја од претставите на Мицевски, коишто најголемиот светски театарски портал “The Theatre Times” ги опишува како “исклучително автентични, вознемирувачки и интелектуално стимулира чки театарски претстави”.