четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 176
home Култура

Претставата „Ајхман во Ерусалим“ на денешната програма на 45. МОТ

Претставата „Ајхман во Ерусалим“ на денешната програма на 45. МОТ

„Ајхман во Ерусалим“ е претстава на словенечкиот режисер Јернеј Лоренци, која онлајн ќе биде прикажана вечерва во 19 часот, на 45-тото издание на Младиот отворен театар.

Претставата се занимава со контроверзна тема. Во вистински момент, кога цела Европа зборува за фашизмот… Фашизмот во нашето општество.

Како што посочија од Младинскиот културен центар, режисерот Лоренци јасно ја разбира потребата за испитување на баналноста на злото и нејзиното присуство кај секој човек, доаѓа во момент кога практично цела Европа ги преиспитува своите антифашистички корени.

-Кога Хана Арент известувала од судењето на воениот злосторник, Адолф Ајхман во Ерусалим во 1961, го набљудувала бирократскиот начин на размислување на Ајхман, Арент брзо ја напуштила премисата на длабоката и радикална природа на злото, па го видела како банално, плитко, и затоа е едноставно за гледање, но тешко е да се разбере токму поради неговата едноставност, се наведува во соопштение.

Во претставата, како што посочуваат од МКЦ, се појаснува дека секое зло и секое добро дело би било подеднакво банално и обично. Само кога сме подготвени да ги препознаеме стравовите на другите луѓе, може да се соочиме со најлошото – со нашите стравови.

-Секој обид за реконструкција бара контекст што ќе го расветли предметното прашање. Гледајќи во парчињата на еден ваков разорен историски настан, оваа претстава ги истражува личните таги, стравови и вистини далеку од каква било претпоставена баналност, велат од МКЦ

Коронавирус