четврток, 6. август 2020. Вести денес: 53
home Култура

Премиерно два документарни филма во Кинотека по повод 57 години од скопскиот земјотрес

Премиерно два документарни филма во Кинотека по повод 57 години од скопскиот земјотрес

По повод 57-годишнината од скопскиот земјотрес, Кинотеката на Македонија и Македонскиот центар за фотографија (МЦФ) премиерно ќе прикажат два документарни филма: „Првата светска војна, сеќавања” на Роберт Јанкулоски и „Преживеани спомени” на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска.

Настанот, насловен „Сеќавања“, е закажан за 26 јули, со почеток во 21 часот.

„Првата светска војна, сеќавања” е посветен на македонскиот фронт и на жртвите од Првата светска војна. Филмот е сниман во Македонија, Србија и Швајцарија, а финансиски е поддржан од амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија. „Преживеани спомени”, пак, е дел од проектот „Фотографијата сведок или жртва” реализиран од страна на МЦФ во 2014 година во кој осум наши сограѓани, евоцираат спомени како го преживеале земјотресот од 1963 година и што е она што засекогаш ќе го паметат од тоа летно утро. Филмот е направен како дел од покомплексна уметничка инсталација и првпат се проектира надвор од поставката.

На проекцијата на филмовите ќе се обрати амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада.

Кинотека потсетува дека поради ситуацијата со КОВИД-19 воведе правила за безбедност согласно заштитните мерки, кои посетителите мора да ги почитуваат. Задолжителна е дезинфикација на рацете при влез во дворот и објектот, задолжително е носење маска или друга заштита преку устата и носот, задолжително е одржување дистанца додека се следи проекцијата, пушењето додека трае прикажувањето на филмовите е непожелно и забрането е внесување какви било пијалаци (алкохолни и безалкохолни).

Коронавирус