среда, 23. јануари 2019. Вести денес: 128
home Култура

Премиера на „Класот Х“ на Театар Пи

Премиера на „Класот Х“ на  Театар Пи

Во Центарот за култура во Ѓорче Петров вечер од 19 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Класот Х“ на Театар Пи, која го актуелизира проблемот на непостоење солидарност и емпатија кон лицата што се на маргините на општеството.

Темата, како што најави театарот, е  жестока, интензивна и вознемирувачка и ја открива сликата на нашата реалност во образованието. Раскажува за млади и сиромашни луѓе од дисфункционални семејства, кои израснале во најтешки околности и изолирани не по своја вина.

-Виновно е општеството, виновни се училиштата и медиумите кои не се занимаваат со нивните проблеми. Ние решивме да им дадеме право на глас и да зборуваме во нивно име. Уметноста треба да биде гласот на оние кои глас немаат, соопшти Театар Пи во најавата на својата трета претстава во оваа година.

Режијата е на Златко Митрески и Македонка Илиевска, а играат ученици од ООУ „Јоаким Крчоски“. Влезот за посетители е слободен. 

МИА