понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 5
home Култура

Премиера на филмот „Пејзажи на отпорот“ во Музејот на современа уметност

Премиера на филмот „Пејзажи на отпорот“ во Музејот на современа уметност

Во Музејот на современа уметност во Скопје вечер премиерно ќе биде прикажан филмот на Марта Попивода и Ана Вујановиќ насловен „Пејзажи на отпорот“.

-Имаме привилегија во рамки на КРИК 06 да го споделиме македонското премиерно прикажување на оваа исклучителна филмска нарација, која ги поставува во совршена синергија интимниот, лирски пристап со силните идеолошко-политички светогледи на авторките, велат од КРИК – Фестивалот за критичка култура.

По проекцијата на филмот  следува разговор со режисерката Марта Попивода.

Досега филмот има освоено неколку награди, Cinema du Réel – Library Award, Чонџу меѓународен филмски фестивал – Награда за најдобар филм, Документарен фестивал Солун – награда Златен Александар, Сараевски филмски фестивал – Срцето на Сараево. (МИА)

Локални избори 2021