сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 65
home Култура

Премиера на детската претстава „Рапунзел“ во Турски театар

Премиера на детската претстава „Рапунзел“ во Турски театар

НУ Турски театар денеска премиерно ќе ја изведе детската претстава „Рапунзел“ во адаптација и режија на Џабир Доко.

Улогите ги толкуваат Жале Османи – Рапунзел, Метин Ибрахим – принцот, Инес Радончиќ- вештерката, Ебру Мусли – младата жена, Јеткин Сезаир – младиот човек и Дин Ибрахим – змејот.

Сценографија е на Татјана Блажевска –Христоска, а костимографија на Розе Трајческа – Ристевска

Премиерата според организаторите ќе биде изведена согласно со протоколите и препорачаните мерки за заштита од Ковид-19. Воедно, од НУ Турски Театар, најавуваат дека бројот на седишта е ограничен.

Коронавирус