вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 118
home Култура

Предавање на Лиза Нојберг во МСУ

Предавање на Лиза Нојберг во МСУ

„Телото како вселенски брод“ е насловот на предавањето што денеска во Кино салата на Музејот на современата уметност (МСУ) ќе го одржи Лиза Нојберг, уметничка одМалме, Шведска, која ги истражува радикалните можности за педагогија и перформанси преку процеси кои вклучуваат колективни, утописки, трансгресивни, пресечни и критични практики.

Влезот за предавањето е слободен.

Нojберг редовно предава во уметничките училишта и академии во нордиските земји. Нејзината работа е во форма на самоорганизирани простори, институционални процеси, работилници, предавања, изведби, видеа, книги и звучни дела.

Гостувањето на Нојберг е дел од годишната програма „Недисциплинирани форми на знаење“ на Проектниот простор Прес ту егзит во рамки на серијата „Предавања, презентации и изложби“ и Меѓународниот симпозиум „Кураторска размени 7: Курирање урбани заедници“.

МИА