вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 40
home Култура

Предавања на Скопското астрономско друштво во Планетариумот

Предавања на Скопското астрономско друштво во Планетариумот

Скопското астрономско друштво и Младинскиот културен центар денеска и утре организираат по две предавања во Планетариумот.

Предавањата денес се од 19.30 и од 20.30 часот, а утре од 19 и од 20 часот.  Предавач е Радан Митровиќ, кој ќе ги запознае заинтересираните со најважните соѕвездија и објекти, како и со календарите и нивната поврзаност со ноќното небо.

– Централна улога има Планетариумот и неговата волшебна способност да ни го долови ноќното небо со преубав приказ на ѕвездите, да ни покаже како тоа се менува кога се наоѓаме на разни позиции на Земјината топка, но и да го забрза текот на времето, а со тоа и движењето на ѕвезденото небо над нас, соопшти МКЦ во чиј состав е Планетариумот.

Билетите по цена од 150 денари се во ограничен број и може да се набават на билетарницата на МКЦ.

Коронавирус